Контејнери затрупани со кабаст отпад во Ново Лисиче, Општината апелира граѓаните да се грижат за околината

Колку граѓаните не се грижат за својата околина говорат сликите од Ново Лисиче, каде утрово контејнерите беа затрупани со огромна количина кабаст и други видови отпад, кои наместо да бидат исфрлени од домовите според утврдената процедура и понатаму несовесно се оставаат на паркинзи, околу контејнери и на зелени површини.

Го осудуваме ваквото однесување и повторно апелираме до граѓаните да водат грижа за јавните површини, за својата околина и местата на кои секојдневно се движат. Службите на Општина Аеродром секојдневно се на терен и се грижат за одржувањето на чистотата на највисоко ниво, но неопходно е да постои свест и грижа кај секој од нас – апелираат од Општина Аеродром.

Оттаму потсетуваат дека за фрлање кабаст отпад постојат утврдени процедури од страна на јавното претпријатие „Комунална хигиена“ и дека за несоодветното одложување кабаст отпад предвидена е соодветна санкција која ја изрекуваат општинските инспекциски служби.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот