Консултациите за формирање на бугарска влада, заврши со меѓусебни реплики околу воената помош за Украина

Претседателот на Бугарија Румен Радев ги започна политичките консултации за формирање нова бугарска влада.

Радев ги прими прво ГЕРБ. ГЕРБ и Румен Радев изразија меѓусебна пофалба за сработеното во областа на енергетиката, но разидувањето меѓу нив настана кога станува збор за воена помош за Украина.

Заменик-претседателот на ГЕРБ, Даниел Митов и претседателот на Бугарија, Румен Радев, влегоа во размена на реплики на темата за воена помош од Бугарија за Украина, против која претседателот неколку пати во јавноста се изјасни негативно.

Поранешниот министер за надворешни работи Митов коментира дека проценката за можностите за воена помош за Украина доцнила со месеци, а новата бугарска влада мора да го испере овој срам. Митов директно го обвини Румен Радев дека поради двосмислените коментари од претседателството во врска со војната ја прави Бугарија да изгледа како слаб сојузник во НАТО, велејќи дека тоа ги загрижува партнерите на Алијансата, бидејќи таквите изјави не дозволуваат Бугарија да се оценува како сериозна и стабилна членка на НАТО.

Претседателот Радев реши да одговори со обвинување на ГЕРБ дека за време на нивната администрација немало инвестиции во вооружените сили на Бугарија. Радев рече дека не слушнал критика, туку само благодарност за напорите на Бугарија од другите партнери во ЕУ и НАТО. Тој, исто така, се изјасни против барањето на ГЕРБ за замена на старото бугарско оружје со помодерно обезбедено од САД и другите сојузници преку различни шеми. Да не навлегуваме во концептот „сливи за ѓубре” – оваа бајка не е реална. „Го давам старото вооружување и добивам како награда и нов подарок” никаде нема, рече Румен Радев, кој ја омаловажи компетентноста на Митов во одбранбениот сектор.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот