Конечно: ЖФК Љуботен доби дозвола да игра на Градскиот стадион во Тетово

По долгите проблеми ЖФК Љуботен конечно доби дозвола да игра на Градскиот стадион во Тетово.

Клубот подолг период имаше проблем да добие дозвола да игра на стадионот кој го досега го користеше само Шкендија, но сега тие потврдија дека таквите проблеми се минато.

“Тоа што пред неколку недели го ветија раководните луѓе на Градскиот стадион во Тетово тоа и го исполнија, дерби натпреварите од првата женска фудбалска лига ЖФК ЉУБОТЕН да ги игра на Градскиот Стадион во Тетово!
Па така дерби натпреварот од 10тото коло помеѓу екипите на ЖФК Љуботен и ЖФК Тиверија ќе се одигра во сабота 04.11.2023год. со почеток во 13:00часот на Градскиот стадион во Тетово!

Повик до сите вљубеници во спортот посебно во фудбалот во што поголем број да го проследиме овој дерби дуел и заедно да го бодриме ЖФК Љуботен до нова победа!“, соопштија од клубот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот