ФОТО: „Комунална хигиена“ подигна неколку тони материјал од плоштадот „Македонија“ неупотреблив за хуманитарна помош

Како изгледаше плоштадот вчера / Фото: Слободен печат / Драган Митрески

Екипите на ЈП „Комунална Хигиена“ – Скопје вчеравечер целосно го исчистија плоштадот „Македонија“ по завршувањето на волонтерската акција за собирање на хуманитарна помош за настраданите во земјотресот во Турција и Сирија.

Донации на плоштад „Македонија“ за погодените од земјотресот/ Фото: Драган Митрески

Од плоштадот подигнати се неколку тони материјал кој не беше искористен како хуманитарна помош. Им благодариме и на волонтерите кои активно се вклучија и во акцијата за чистење на плоштадот „Македонија”, пишуваат на Фејсбук од претпријатието.

Фото: ЈП „Комунална хигиена“ – Скопје

Во текот на вчерашниот ден имаше низа реакции за глетката на плоштадот во центарот на Скопје. Несовесни граѓани со цел да ги исчистат плакарите донираа неупотреблива облека за погодените од земјотресот, а плоштадот беше претворен во депонија.

Иницијаторите на оваа хуманитарана акција вчера најавија дека ќе се дислоцираат на повеќе локации и апелираа до граѓаните да не носат стара облека, а тоа што ќе го примат како донација ќе биде само нова облека, како и храна и облека за деца.

ВИДЕО: Плоштадот стана депонија, граѓаните си направија чистка во плакарите и подрумите и непотребното го испратија во Турција

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот