Илустрација / Фото: Pexels / Waldemar

„Колку глупав можеш да бидеш?“: Освоил 15,3 милиони евра, без да знае за тоа шест месеци

Еден човек од Франкфурт освоил 15,3 милиони евра на лотарија, но тоа го открил дури шест месеци подоцна, кога го пронашол заборавеното лото ливче во џебот од палтото, пишуваат странските медиуми.

Германецот не знаел за својата добивка цела пролет и лето, и покрај кампањата за пронаоѓање на добитникот, со постери што го поканувале добитникот да се јави.

Добитникот рекол дека дури и слушнал за кампањата за пронаоѓање на среќниот добитник, но дека не се сомневал дека можеби е тој.

„Слушнав за тоа на радио во тоа време и си помислив – колку глупав можеш да бидеш што не го земаш? Никогаш не ми паднало на памет дека јас би можел да бидам личноста што ја бараат“, рекол човекот.

Тој го открил добитното ливче кога времето се заладило во Германија и кога ја извадил јакна што не ја носел од март.

„Кога ги проверив броевите на мојот телефон и ја видов добитната сума, бев целосно шокиран, за среќа седев, инаку колената ќе ми попуштија“, рекол добитникот на лотарија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот