Колкава дивиденда ќе подели Европа?

Европа АД Скопје, фабриката за чоколади и вафли Европа, има нето добивка во 2018 година во износ од 1,6 милиони евра (97.167.484 денари), објави компанијата денеска на берза.

Добивката ќе се дели како дивиденда, но и како награда за членовите на Управниот одбор. Дел од добивката ќе остане нераспределена.

Според објавата како дивиденда акционерите ќе поделат 748 илјади евра (46.006.800 денари).

Наградата за членовите на ОД вреди вкупно 97,4 илјади евра (5.992.342. денари).

Вредноста на нераспределената добивка е 734 илјади евра (45.168.342 денари).

Во објавата стои дека средствата предвидени за награда на членовите на ОД во бруто износ од 5.992.342 денари, ќе се распределат со Одлука донесена на ОД во која ќе бидат утврдени поединечните износи.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот