Кокаин и марихуана откриени во куќа во Јурумлери

Дрога
Дрога / Фото: МИА

Денеска (20.01.2022) полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција- Сектор за недозволена трговија со дрога, оружје и опасни материи и СВР Скопје-Единица за недозволена трговија со дрога, по претходно добиена наредба за претрес од Основен кривичен суд Скопје, извршиле претрес во дом на Т.Т. (43) во скопското село Јурумлери.

„При претресот е пронајдена марихуана, бела прашкаста материја, дигитална вага и дробилка. Т.Т. откако ќе набавел поголема количина кокаин и марихуана, ја препакувал во помали пакувања и ја продавал. Т.Т. е приведен и по документирање на случајот против него ќе биде поднесена кривична пријава за сторено кривично дело по член 215 од КЗ“, соопшти МВР.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот