Која е групата „Рајхсбиргер“, чии лидери се уапсени за денешниот обид за државен удар во Германија?

Рајхсбиргер/ Фото: Bildagentur-online/Ohde / Alamy / Alamy / Profimedia

По денешниот настан, во кој германската полиција објави дека спречила група десничари да извршат државен удар во Берлин, се наведе дека меѓу уапсените се двајца лидери на движењето Рајхсбиргер (Граѓани на Рајхот), кое полицијата долго време го следи поради ширење теории на заговор, отфрлање на федералната република и насилни напади.

Кои се всушност Рајхсбиргер?

Целта на оваа група е да ја преземат власта и да воспостават нов систем, базиран врз германската држава од 1871 година.

Во 2020 година, тогашниот германски министер за внатрешни работи Хорст Зехофер, забрани фракција на ова екстремно десничарското движење, група која го негира постоењето и авторитетот на модерната германска влада.

„Ќе бидеме немилосрдни во продолжувањето на борбата против десничарскиот екстремизам, дури и во време на криза“, рече тогаш Зехофер.

Тогаш, се оджаа десетици полициски операции против групите „Обединети германски народи и племиња“ и „Ознака на Оснабрикер“.

Во март 2020 година, над 400 полицајци извршиле рации во домовите на 20 водачи на групата. Министерството за внатрешни работи соопшти дека полицајците нашле пиштоли, безбол палки, пропагандни материјали и помали количини наркотици, јави Дојче веле.

„Вербалната агресија и масовните закани кон владините претставници и нивните семејства, исто така, го докажуваат неуставниот однос на оваа група“, изјавил тогаш Зехофер.

Движењето Рајхсбиргер, или Царското граѓанско движење, го негира постоењето на Сојузна Република Германија, демократската држава која беше основана во земјата по Втората светска војна и владее и денес. Групата верува дека Германската империја продолжува да постои, со земјата и териториите што ги држеше пред Втората светска војна.

Германските власти ја следат групата за неуставни активности од 2016 година.

Спречен напад врз Рајхстагот!

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот