Кога е најдобро време да ги наводнувате растенијата до домот во летниот период?

unsplash
Фото: Unsplash

Во текот на летото и високите температури, растенијата кои ги разубавуваат нашите домови бараат посебна грижа. Меѓу градинарите постои мислење дека растенијата треба да се наводнуваат пообилно и поретко во текот на летото, не премалку и премногу често.

Без разлика дали вашите растенија се едногодишни или повеќегодишни, обидете се да ги полевате наутро за време на високи температури.

unsplash
Фото: Unsplash

Наводнувањето наутро им дава можност на корените подобро да ја апсорбираат водата и им нуди на вашите растенија доволно влага за да го поминат денот без дополнителен стрес. Ако немате време наутро, сосема е прифатливо да ги наводнувате растенијата навечер. Тогаш само погрижете се да наводнувате директно во зоната на коренот, а не во лисјата.

unsplash
Фото: Unsplash

Кога станува збор за повеќегодишните растенија, тие имаат подлабок корен систем кој им овозможува да преживеат периоди на суша од една до друга сезона.

Исто така, растенијата ја апсорбираат водата преку корените, а не преку листовите, така што не мора да трошите вода на листовите кои изгледаат суви.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот