Коалиција Менуваме бара зголемување на детскиот додаток и додаток на попреченост, најавија протести

Коалиција Менуваме фото МИА

Коалиција Менуваме реагира до Владата дека и по 30 дена од акцијата за протест за социјална правда, рамноправност, не дискриминирај, проблемот за
децата и лицата со попреченост, нивните родители и асистентите во однос на барањето поднесено до Владата е несоодветно третиран.

-Во исчекување се сите инволвирани во социјална заштита во делот на додатокот на попреченост и додатокот за посебен детски додаток за категорија деца и лица со попреченост за одлука која што треба да ја донесе Владата како најодговорна институција за овој проблем. Бараме сите деца и лица со попреченост да се ставени во приоритетни категории и мора да се покачи посебниот детски додаток од 5.100 на 10.000 денари и додатокот на попреченост од 7.100 на 12.000 денари, реагираат оттаму.

Како Коалиција Менуваме, додаваат оттаму, јавно бараме одговор од Владата, бидејќи логиката на нештата кажува дека 30 дена е сосема доволен временски период да се детектираат, истражат и научат проблемите на теренот и да се донесе соодветна одлука.

– Коалицијата МЕНУВАМЕ тоа го направи и изгради сосема јасен став кој што е пласиран во јавноста. НВО секторот е важен субјект во креирањето на политиките во секоја држава, па и кај нас. Нудевме, ќе нудиме и ќе нудиме безгранична соработка во интерес на сите а пред се на децата и лицатав со попреченост и нивните родители и асистенти конкретно за достиинствен живот, велат оттаму.

Тие најавија протест на 7 септември во 18 часот, со цел, како што велат, лицата со попреченост да останат во фокусот на јавноста, и да наметнат приоритети на Владата и на Собранието, под слоганот „30 години заборавени не разбрани и не прифатени”. Протестниот марш ќе се одржи од Владата до Собранието на Северна Македонија.

Извор: МИА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот