Клинтон во Тирана ги брани косовските Срби: Да го запреме ова глупирање!

Бил Клинтон / Фото EPA-EFE/BONNIE CASH / POOL

Поранешниот американски претседател Бил Клинтон ја искористи посетата на Тирана за да се заложи за правата на српското малцинство на Косово, со цел конечно да се нормализираат односите меѓу Белград и Приштина и да се смират тензиите во регионот.

Изразувајќи загриженост поради напнатата ситуација на северот на Косово, Клинтон ги повика косовските власти да го променат однесувањето кон српската заедница и „да му покажат на светот како изгледа инклузивна иднина“.

– Лесно е за Албанците, кои сега се во мнозинство, да се обидат да го искористат овој момент за да остават впечаток. Но, вистинската работа што ни е потребна е да го запреме ова глупирање – изјави Клинтон во Тирана, на својата прва посета на Албанија.

Кога беше претседател на САД, Бил Клинтон силно поддржуваше интервенција на НАТО за да бидат запрени српските сили во бруталното задушување оружениот бунт на косовските сепаратисти. Конфликтот заврши со целосно повлекување на српските сили од Косово, откако авиони на НАТО 78 дена бомбардираа цели во Србија и во Црна Гора.

Клинтон сега се залага за заштита на правата на српското малцинство, кое според договорот на Белград и Приштина треба да ги остварува своите права преку Заедница на српски општини. Главните косовски сојузници, САД и Европската Унија, го сметаат премиерот Албин Курти одговорен за поттикнување на новите тензии, со обидите со полициска заштита да постави на функции новоизбраните градоначалници на четирите места, и покрај противењето на локалните српски заедници.

– Какво големо политичко прашање може да биде отворено од начинот на кои се владее во четирите мали града? Ако размислите, во овие четири града, далеку од која било научна лабораторија во која се моделира однесувањето што денес го задвижува светот, со нив управуваат луѓе што повеќе сакаат доминација отколку соработка. Се надевам дека владата на Косово ќе може да му покаже на светот како изгледа инклузивната иднина – изјави Клинтон.

При својата прва посета на Албанија, тој изрази благодарност за поддршката и за медалот „Голема ѕвезда на јавната благодарност“ што го доби од премиерот Еди Рама.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот