
Ќерката на Чарли Шин откри дека влегува во порно-индустријата: Пред тоа морам да направам две работи
Сeми Шин (19), ќерка на познатиот актер Чарли Шин (57) и актерката Дениз Ричардс (52), одлучи да се занимава со „мека“ (softcore) порнографија.
Препорачано
Заедно со најавата за новата кариера, Сeми најави дека пред тоа ќе оди на операција за зголемување на градите, како и на трајно ласерско отстранување на влакната за да не мора постојано да се бричи.
View this post on Instagram
Сeми не е прва во семејството која реши да заработи од своето убаво тело, нејзината мајка Дениз се соблече за „Плејбој“ пред 20 години. Но, сепак, Сeми отишла малку подалеку…
Младата девојка вели дека има целосна поддршка од семејството.
View this post on Instagram
Инаку, Дениз и Чарли беа во брак од 2002 до 2006 година, а покрај Сeми ја имаат и ќерката Лола (18).
Двојката се разведе кога актерката беше бремена во шестиот месец со Лола, поради што таа вели дека се чувствувала виновна.
– Со години се борев со тоа, се прашував дали би сакала моите ќерки да се омажат за ваков човек – рекла Дениз во епизодата од подкастот „Разведен, не мртов“ (Divorced Not Dead) на Керолин Стенбери.
View this post on Instagram
Чарли Шин инаку е познат по неговите „врски за една ноќ“ и зависности, а од 2015 година се бори со ХИВ.
Чарли Шин ја обвини поранешната сопруга, нивната ќерка е на „Онлифенс“: Не го одобрувам тоа!