Ќе престане ли да се произведува млеко во Србија?

млеко
Фото: Пиксабеј

Млечното сточарство во Србија од година во година запаѓа во се понеповолна положба, а млекопроизводителите најавуваат дека поради ниските цени и увозот, постои можност до крајот на годината производството на млеко целосно да биде стопирано. Исто така, некои млекарници најавија прекин на откупот од помалите производители, што се случи поради значителни количини увезено млеко. Ваквата состојба предизвика намалување на откупната цена на млекото, а паралелно и презаситеност на пазарот.

И додека има мислења до кој степен се основани тврдењата на млекопроизводителите за прекин на производството, соговорниците на „Данас.рс“ се согласуваат дека состојбата во сточарството млечни говеда е далеку од идеална. Бојан Станиќ од Стопанската комора на Србија забележува дека има проблем со производството на суровини за млечната индустрија, а тој пред се лежи во ситниот добиток.

„Минатата година имавме проблем со домашното млеко поради ограничените цени, па луѓето се фокусираа на извоз и производство на млечни производи за кои немаше пропишано ограничување и моравме да увезуваме значителна количина млеко од Полска и од други земји. За 10 години беа затворени 62.000 фарми, а сега имаме околу 170.000 молзни крави, што значи дека во Србија произведуваме околу една милијарда и четиристотини милиони литри млеко. Пред 15-20 години имавме до два милиони крави.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот