Ќе има ли политичка одговорност за Онкологија? Мизрахи најави дека анкетната комисија ќе ги достави заклучоците до ЈО

Во петокот заврши сослушувањето на сведоци во собраниската Анкетна комисија за случајот „Онкологија“. Повеќето дојдоа. Почна да тече рокот за анализа на документите. Дали има доволно материјал за да се добие слика што се случувало на Клиниката, претседателка на Анкетната комисија за случајот со Онкологија и пратеник од ВМРО-ДПМНЕ Рашела Мизрахи, во гостување во „тема на денот“ на Македонската телевизија даде потврден одговор.

„Политичка одговорност може да се бара како што кажува и самиот назив на актуелни политичари, значи тие би требало да си поднесат оставка и би требало да има реперкусии по нивната политичка иднина. Меѓутоа тоа не значи дека не може да се бара и политичка одговорност на бивши министри и бивши функционери, особено земајќи во предвид дека одредени владини функционери во одредени институции во здравствениот систем, фигурираат и до ден денешен“ вели Мизрахи.

Таа потенцираше дека дури и да се утврди одговорност кај поранешни министри, таа до Јавното обвинителство ќе ги достави сите заклучоци, укажувајќи дека потоа од нив произлегува и кривична и граѓанска одговорност, и порача Јавното обвинителство да започне да си ја врши својата работа.

На прашањето дали ќе иницираат закон или правилник да се реши хаосот бидејќи има многу онколошки пациенти кои не го добиваат уставно загарантираното право да добијат лек и да се обидат да се излечат, Мизрахи истакна дека закони за здравство има, но тие биле прекршени.

„Првичната моја лична цел беше анкетната комисија да не биде со затворени очи доколку тоа го правеле други институции, така да ги побаравме сите официјални документи и акти кои се поврзани со скандалот од Универзитетската клиника за радиотерапија и Онкологија, Министерството за здравство, ФЗОМ, Малмед, ДСЗИ итн“, истакна пратеничката и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ Рашела Мизрахи во гостување во Дневникот на МРТ во „Тема на денот“.

Таа додаде дека доколку дефектурата била наредба за да се прави магла во функционирањето на здравствениот систем, да се блокира всушност извршувањето на законот тогаш не може да се каже дека ни имало недостатоци реални на медикаменти, туку дека имало малверзации во рамки на клиниката.

а

Таа заклучи дека во Македонија премногу често се зборува за реформи и нови законски решенија, но оваа држава од почетокот на своето постоење од 1991 година донела над 7 илјади законски решенија и закони за здравство има во оваа држава, но проблемот е што се дозволило да се прекршуваат законите да се оди преку нив или околу нив.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот