Роберт Редфорд - Фото: EPA/WARREN TODA

Ќе биде исполнета неговата последна желба: Познато е како ќе изгледа погребот на Роберт Редфорд

Смртта на Роберт Редфорд ги погоди многумина, особено неговата колешка Џејн Фонда, со која сними четири филма во текот на својата кариера. Легендарниот актер почина на 89-годишна возраст, во сон, во својот дом во Јута.

Добитникот на Оскар ќе има погреб кој воопшто не е холивудски. Ѕвездата на „Надвор од Африка“, кој почина во својот дом во Јута во сон, „оставил конкретни упатства за едноставен, семеен погреб“, пишува „Радаронлајн“. Ѕвездата на „Надвор од Африка“, кој почина во својот дом во Јута во сон, „оставил конкретни упатства за едноставен, семеен погреб“, тврди страницата.

Како што откриваат странските медиуми, а пренесува „Дејли мејл“ според желбите на самиот Редфорд, погребот ќе биде скромен, далеку од холивудскиот гламур на кој беше навикнат за време на неговата кариера. На последното збогување ќе бидат присутни неговата сопруга Сибил, ќерките Шона и Ејми и седум внуци.

Портпаролот на актерот изјави: „Нема да има црвен тепих. Нема да има камери. Нема холивудски циркус. Семејството бара приватност“.

„За светот тој беше поголем од животот, но за неговото семејство, тој беше токму тоа… семејство. Почивај во мир, дедо“, напиша синот на ќерката на Редфорд, Шона, преку Инстаграм.

Богатството на Роберт Редфорд се проценува на 200 милиони долари: Еден филм му донесе рекордна заработка

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот