Кирацовски: Пендаровски несомнено ќе биде новиот претседател

На пребројани повеќе од половина избирачки места, Стево Пендаровски е во водство пред противкандидатите, изјави на вечерашната прес-конференција шефот на изборниот штаб на Стево Пендаровски, Александар Кирацовски.

– Во вториот круг очекуваме граѓаните уште посилно да го поддржат напредокот и концептот кој води напред. Нема да набројувам во кои места води Пендаровски, ова се избори на сите граѓани, не се локални избори и ВМРО-ДПМНЕ залудно се фали. Ќе изгубат во вториот круг. Пендаровски несомнено ќе биде идниот претседател на нашата држава – рече Кирацовски.

Според првичните информации, како што нагласи тој, Пендаровски води над скоро две третини од преброените гласови.

Кирацовски, на новинарско прашање, зошто нема претставници на коалицискиот партнер ДУИ, рече дека очекува функционери на ДУИ да пристигнат за петнаесетина минути.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот