Фото: Принтскрин/Јутјуб

Кинез живеee 14 години на аеродром: Дома ми досадуваат и ми забрануваат да пушам и пијам, останувам тука

Дали вашето семејство ви приговара за алкохолот и цигарите? Не можете да најдете работа? А не можете повеќе ниту да го слушате вашето семејство? Има решение, а вистински пример за тоа е Веи Џиангуо, кој заминал да живее на аеродромот за да се извлече од сето тоа …

Повеќето од нас го имаат гледано филмот „Терминал“ со одличниот Том Хенкс. Инспирација за него била приказната за Мехран Карими Насери, вистински „затвореник“ на аеродром, кој 18 години живеел на аеродромот „Шарл де Гол“ во Париз.

Фото: Принтскрин/Јутјуб

Неговиот „стаж“ наскоро би можел да го надмине еден човек од другиот крај на светот. Затоа што Кинезот Веи Џиангуо живее на аеродромот во Пекинг веќе 14 години. Не поради бирократија или правни проблеми, туку поради сопствена желба, пишува LadBible .

„Не можам да си одам дома бидејќи немам никаква слобода таму“, изјави Веи за кинеските медиуми пред неколку години. Тој веднаш продолжи со својата приказна.

„Мојата сопруга живее со родителите на 20-тина километри од аеродромот. Од мене бараат да престанам да пушам цигари и да пијам алкохол, а ако не можам, тогаш да им ги дадам приходите. Но, ако им ги дадам парите, тогаш како ќе купам алкохол и цигари ?! – раскажува овој човек, разочаран од брачниот живот.

Фото: Принтскрин/Јутјуб

Секој ден му започнува исто. Од киоскот купува појадок, пециво и каша и едно мало шише силен алкохолен пијалок. Тој така го убива времето и ги поминува своите деновите. Неколку пати обезбедувањето успеало да го извлече од аеродромот, но секој пат тој успеал да го најде патот назад …

Ваквиот живот, се разбира, не бил неговиот прв избор. Тој има околу 60 години, а без работа е од својата 40-та година. Иако долго се обидувал да најде нова работа, поради годините не успеал. Неговото семејство започнало да се жали, па целата ситуација му дошла преку глава и аеродромот одеднаш започнал да му изгледа примамливо.

Фото: Принтскрин/Јутјуб

И тој не е единствениот таму. Според работниците на аеродромот, во комплексот престојуваат уште неколку мажи како Веи. Некои се во раните 20-ти години. Живеат од она што патниците им го купуваат и одбиваат да го напуштат аеродромот.

Ова не е случај само во Кина, туку досега има педесетина забележани случаи во светската историја каде што луѓето живеат на аеродроми. Најмногу поради бирократијата, а некои, како херојот од нашата приказна, поради алкохолот, цигарите и внатрешниот мир.

Пред четири години популарноста на Веи ескалираше низ целиот свет, па тогаш и „Daily Mail“ направи интервју со него, а неговата ситуација ниту денес не е променета.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот