Кинез-градежен работник тешко повреден на автопатот во изградба Охрид-Кичево

Градежен работник од Кина бил тешко повреден вчера претпладне кај охридското село Оровник, додека работел на изградбата на автопатот Охрид-Кичево, соопшти МВР.

„На 23.04.2023 во СВР Охрид, од Специјалната болница „Св.Еразмо” во Охрид било пријавено дека кај нив со тешки телесни повреди бил донесен Ш.Ч.(40) од Кина. Според пријавеното, тој се здобил со повредите околу 10.00 часот, при извршување работни задачи на автопатот во изградба Охрид-Кичево, кај с.Оровник“, велат од полицијата.

Увид на местото извршиле екипа од СВР Охрид и трудов инспектор.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот