Кинеските инвестиции во Иран се зголемија за 10 пати за една година

Кинеско знаме/ Фото EPA-EFE/MARK R. CRISTINO

Кинеските инвестиции во Иран се зголемени за десет пати во 2023 година во однос на претходната година, потврди иранското Министерство за економија и финансии.

Кинеските инвестиции минатата година достигнаа три милијарди долари и беа 10 пати поголеми од претходната година, изјави заменик-министерот за економија и претседател на Организацијата за странски инвестиции Али Фекри во изјава за агенцијата ИРНА.

Кинескиот капитал главно бил насочен кон проекти од областа на логистиката, инфраструктурата и рударството.

Иран е под санкции на САД и Европската унија поради развојот на неговата нуклеарна програма. Техеран истакнува дека го користи за цивилни цели. Кина е важен економски партнер за Техеран и е главен купувач на иранска нафта. Двете земји потпишаа 25-годишен договор за соработка во 2021 година, забележува германската агенција ДПА.

Од почетокот на мандатот на претседателот Ебрахим Раиси во август 2021 година, Иран привлече 10,6 милијарди долари странски капитал, рече Фекри. Во тој период најмногу капитал вложи Русија, а меѓу позначајните инвеститори, покрај Кина, се и Обединетите Арапски Емирати, Турција, Ирак и Индија, пренесе Хина.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот