Кинескиот амбасадор во САД: Кина ќе победи во борбата против коронавирусот

Фото: Профимедиа

Според него, целото население на земјата застана обединето и со една цел во борбата со болеста.

Кина ќе победи во борбата против коронавирусот, изјави кинескиот амбасадор во САД, Цуи Тјанкаи, во интервју за „Пи-би-ес”.

Новиот тип на вирус сеуште се шири и Кина прави огромни напори во негово сузбивање. Се отвораат нови болници и привремени засолништа за прием на заболените. Бројката на заразени постојано се менува и Пекинг прави напори да даде колку што е можно поточни информации за заразените, изјави амбасадорот.

Според него, целото население на земјата застана обединето и со една цел во борбата со болеста.

– За нас ова е голем предизвик. Илјадници кинески здравствени работници, војници и граѓани од други професии секој ден се на браникот на борбата, изјави амбасадорот.

Според него, Кина соработува со многу земји и Светската здравствена организација за решавање на овој проблем.

На прашањето дали е изненадување тоа што вирусот се прошири со таква брзина, Тјанкаи одговори дека „светот се соочува со апсолутно нов вирус и при негово детектирање кинеските власти многу брзо ги мобилизираа потребните ресурси и опрема за мониторинг на ситуацијата“.

Додаде дека постојано се подобрува ефективноста во лечењето на болеста.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот