Кина разочарана од американското вето на резолуцијата на ОН за војната помеѓу Израел и Хамас

Кинеско знаме/ Фото EPA-EFE/MARK R. CRISTINO

Кина е „длабоко разочарана“ од одлуката на САД да стават вето на резолуцијата на Советот за безбедност на ОН, која повикува на „хуманитарна пауза“ во конфликтот помеѓу Израел и Хамас.

– Кина е длабоко разочарана од попречувањето на САД на усвојувањето на нацрт-резолуцијата за палестинското прашање од страна на СБ, изјави портпаролот на кинеското Министерство за надворешни работи, Мао Нинг.

Тој го повика Советот за безбедност „да ја одигра својата улога во постигнувањето примирје и запирање на војна“.

САД ставија вето на резолуцијата, која не го признава правото на Израел да се брани.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот