Кина: Прва жртва на мистериозен коронавирус

Докторите досега успеале да го дијагностоцираат вирусот кај 41 лице, а првите лабораториски тестови упатуваат за нов тип корона вирус.

Маж на 61-годишна возраст од кинескиот град Вухан починал од пневмонија, откако во градот се појавил вирус што допрва треба да се идентификува, а седум лица се наоѓаат во критична состојба, дознаваат кинеските медиумите од болнички извори.

Докторите досега успеале да го дијагностоцираат вирусот кај 41 лице, а првите лабораториски тестови упатуваат за нов тип корона вирус, се наведува во соопштението објавено на интернет страницата на Министерствто за здравство на Вухан.

Двајца пациенти биле отпуштени од болница, а остантите биле во стабилна состојба, додека за 739 лица кои биле во блиски контакти со пациентите утврдено е дека немаат вирус.

Првата жртва на вирусот, што се појави во декември, бил редовен купувач на рибниот пазар во градот и кај него и претходно биле дијагностицирани абдоминални тумори и хронична болест на црниот дроб, соопшти лекарски извори.

Со лекувањето не му се поправила клиничката слика и тој починал пред два дена, откако престанало да му работи срцето .

Заради вирусот расте и загриженоста за патувањата што Кинезите треба да ги имаат околу кинеските новогодишни празници што почнуваат кон крајот на јануари.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот