Кина купува 140 патнички авиони од Ербас

Авион илустрација/ Фото EPA-EFE/SERGEY DOLZHENKO

Кина ќе купи 140 патнички авиони од европскиот производител на авиони Ербас во вредност од 17 милијарди долари, јавува Анадолија.

Во соопштението на кинеската компанија за снабдување со воздухопловна опрема, се наведува дека е постигнат договор со Ербас за купување на 132 патнички авиони А320 и осум авиони А350. Наведено е дека вкупната цена на договорот потпишан при денешната посета на германскиот канцелар Олаф Шолц на Пекинг ќе изнесува 17 милијарди долари.

Кинеските „големи три“ државни превозници Ер Чајна, Чајна Саутерн и Чајна Истерн се обврзаа да купат вкупно 292 авиони од Ербас во јули оваа година.

Најавата предизвика загриженост во Германија дека Берлин ќе им даде приоритет на економските врски со Пекинг пред безбедносните и стратешките прашања. Кина е најголемиот трговски партнер на Германија и Шолц реши да земе голема деловна делегација со себе.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот