Кина гневна на САД: Таа нивна демократија е оружје за масовно уништување

си џинпинг
Си Џинпинг / Фото: Профимедиа

Кина денеска американската демократија ја нарече оружје за масовно уништување, по самитот за демократија што САД го организираше за да ги зајакне истомислениците во спротивставвањето на автократските режими.

Кина не беше вклучена во дводневниот виртуелен самит заедно со други земји како Русија и Унгарија и остро одговори обвинувајжи го американскиот рпетседател Џо Бајден дека предизвикува идеолошки поделби како во времето на Студената војна.

-Демократијата одамна е оружје за масовно уништување кое САД го користи во други драви, рече портпаролот на кинеското МНР во онлајн соопштение во кое САД се обвинуваат дека ги поттикнале шарените револуции во странство.

Кинеското МНР тврди дека САД го организираа самитот за да подвлечат линија на идеолошки предрасуди, да ја инструментализира и вооружа демократијата и да поттикне поделби и судири, пренесува АП.

Пекинг вети дека решително ќе се спротивстави на сите видови псевдодемократии.

Спроти самитот Кина го засили пропагандниот напад критикувајќи ја американската демократија како корумпирана и неуспешна.

Кина изнесе сопствена верзија на национална демократија во бела книга објавена минатата недела, а со цел да го зајакне легитимитетот на сѐ поавторитарната владејачка Комунистичка партија под претседателство на Си Џинпинг.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот