Кина ги оцени изјавите на Јанша за Тајван како „опасни“

Словенечки премиер Јанез Јанша/Фото: EPA-EFE/ANTONIO BAT

Кинеското Министерство за надворешни работи изјавите на словенечкиот премиер Јанез Јанша за Тајван ги оцени како опасни и изрази остар протест.

Ваквата реакција дојде откако Јанша во понеделникот во интервју за индиска ТВ станица изјави дека Словенија и Тајван разговараат за формирање заеднички мисии, пренесува словенечката агенција СТА.

– Тајван е нераскинлив дел од кинеската територија. Владата на Народна Република Кина е единствената легитимна влада што ја претставува цела Кина, а принципот на една Кина е универзално призната норма на меѓународните односи и универзален консензус на меѓународната заедница“, рече портпаролот на министерството Жао Лиџијан за новинарите во Пекинг.

Тој додава дека тоа е и политичката основа на односите меѓу Кина и Словенија и односите меѓу Кина и Европа.

Во интервју за индискиот јавен сервис Дордаршан, Јанша рече дека Словенија и Тајван „работат на размена на претставници“.

Тој објасни дека претставниците нема да бидат на ниво на амбасади, туку „на исто ниво што веќе го воспоставиле многу земји од ЕУ“.

Јанша рече и дека Словенија ќе ја поддржи секоја суверена одлука на народот на Тајван, вклучително и независноста, доколку тоа е нивна слободна одлука.

Тој беше многу критичен кон Кина за нејзиниот одговор на одлуката на Литванија да отвори своја дипломатска мисија во Тајпеј.

Тајванското Министерство за надворешни работи, пак, вчера на Твитер изрази благодарност за „континуираната поддршка“ на Јанша, ретвитувајќи го интервјуто на Јанша.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот