Ким разреши важен генерал и нареди армијата да биде подготвена за војна

Северна Кореја / Фото EPA-EFE/KCNA EDITORIAL USE ONLY

Севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун отпуштил висок генерал, барајќи војската да се подготви за војна, објавија државните медиуми.

Генералот Пак Су-ил бил сменет од функцијата началник на Генералштабот, а на негово место бил назначен вицемаршалот Ри Јонг-гил, објави Корејската централна новинска агенција (КЦНА). Исто така, КЦНА додава дека и други команданти биле разрешени, префрлени или именувани, но детали за нив не се објавени.

Северна Кореја редовно го менува военото раководство. Некои команданти подоцна повторно се појавуваат на други позиции, додека други исчезнуваат од очите на јавноста.

И кариерата на новиот врховен генерал Ри – кој сега е втор човек во севернокорејската воена хиерархија – го докажува тоа, велат аналитичарите.

„Ри Јонг-гил е долгогодишен член на воената елита на Северна Кореја, кој, пред да го достигне врвот, доживеа подеми и падови во текот на неговата кариера“ вели Лејф-Ерик Исли, професор по меѓународни студии на Универзитетот Евха Воуман во Сеул.

Како причина за честите промени на командантите, Исли сугерира дека севернокорејскиот лидер можеби едноставно се обидува да се погрижи никој под него да не стане премногу моќен.

„Ким Џонг-ун често ротира лидерски позиции под него за да спречи некој како Евгениј Пригожин да се појави на Северот, кој го оспори авторитетот на рускиот претседател Владимир Путин откако стекна лична контрола врз финансиите и лојалноста меѓу вооружените сили“, рече Исли.

КЦНА наведува дека главната точка на состанокот на кој биле разрешени старите команданти и именувани нови команданти била всушност војната, односно подготовката за војна.

На состанокот во Пјонгјанг, Ким потпишал наредби за воени вежби кои го вклучуваат најновото оружје на земјата.

Ким Џонг-ун ги обиколил фабриките за оружје и муниција кон крајот на минатата недела и даде важни инструкции во врска со изградбата на капацитетот за масовно производство на нова муниција, според извештајот на КЦНА.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот