Ким Кардашијан официјално дел од клубот на милијардерите според „Форбс“

Instagram
Instagram

Од помошничка на Парис Хилтон до милијардерка на листата на „Форбс“. Ким Кардашијан – Вест  официјално се придружи на клубот на милијардерите, објави магазинот „Форбс“.

Нејзиното богатство достигнало до една милијарда долари благодарение на козметичките и модните бизниси, како и на приходите од телевизија, рекламни договори и инвестиции.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Kim Kardashian West (@kimkardashian)


Таа сега е една од 2.775 личности на листата на милијардери на „Форбс“, на чие чело се наоѓа Џеф Безос со 177 милијарди долари.

„Форбс“ наведува дека Ким има удел и во низа други приватни компании и иако точните податоци не се објавени, изворот тврди дека ријалити – ѕвездата тежи повеќе од милијарда долари.

Кардашијан има и други инвестиции, вклучително и бројни недвижнини, а исто така таа потпиша договор со стриминг услугата „Хулу“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Kim Kardashian West (@kimkardashian)


Покрај тоа, Ким дополнително профитираше благодарение на својот инстаграм – профил на кој ја следат повеќе од 213 милиони луѓе.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот