Ким го прослави својот роденден иако неговата возраст останува мистерија

Ким Џонг-ун / Фото EPA-EFE/KCNA

Се верува дека севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун наполнил 40 години, но тој факт останува тајна во земјата која ги слави родендените на неговиот татко и дедо како државни празници. Роденденот на Ким никогаш не беше откриен во јавноста, но ако набљудувачите се точни, тој го прославил настанот во понеделникот, истиот ден кога беа објавени официјалните фотографии од него и неговата ќерка во посета на фарма за кокошки, пишува Би-Би-Си.

Родендените на неговиот татко Ким Џонг-ил на 16 февруари и на дедото Ким Ил-сунг на 15 април се слават како национални празници во Северна Кореја. Ким, кој ја презеде функцијата врховен лидер во 2011 година, никогаш не го прославил својот роденден јавно како неговите претходници, чии родендени се познати по големите воени паради.

Зошто роденденот на Ким остана тајна не е познато. Во јануари 2020 година, севернокорејските власти му се заблагодарија на тогашниот претседател Доналд Трамп за неговите роденденски честитки за Ким, но не прецизираа на кој ден се случило.

Отприлика во исто време во 2014 година, кошаркарот Денис Родман му пееше „среќен роденден“ на Ким пред публиката на егзибициониот кошаркарски натпревар во Пјонгјанг.

Тоа останува единствената јавна почит за роденденот на севернокорејскиот лидер. Постојат многу теории зошто Ким го крие својот роденден. Некои мислат дека е можно тој да не сака да привлече несакано внимание на неговата покојна мајка, која е родена во Јапонија – земја во која Северна Кореја нема доверба.

Сепак, сето тоа може да се промени во иднина. Роденденот на Ким Џонг-ил, наводно, станал официјален празник кога наполнил 40 години во 1982 година, а роденденот на Ким Ил-сунг станал празник кога наполнил 56 години во 1968 година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот