Ким Џонг Ун: Три средби со Трамп, двајца мртви роднини и нуклеарен арсенал

Лидерот на Северна Кореја, Ким Џонг-ун/ Фото: EPA-EFE/KCNA EDITORIAL USE ONLY

По десет години на власт, сега веќе не толку младиот севернокорејски лидер Ким Џонг Ун сега е еден од најискусните светски лидери кои ќе му пркоси на Западот со својот нуклеарен арсенал во наредните децении, велат аналитичарите.

Спротивно на повеќето негови колеги, неоптоварен со грижи за избори или ограничен број мандати и со годините кои ги има на негова страна ,неполни четириесет , Ким може да очекува да остане на престедателската функцијата со децении, доколку го послужи здравјето.

ким џонг ун EPA-EFE/KCNA

 

Ова е сосема поинаква перспектива од еден демократски политичар кој треба секојдневно да размислува за медиумските наслови , а Ким е на должност подолго време од повеќето шефови на држави со кои тој ќе се сретнува во иднина.

Неговите први десет години на власт го покажуваат правецот во кој би можел да оди неговата политика , велат аналитичарите. Од изолирање и развој на нуклеарно оружје до негово присуство на светската дипломатска сцена со најмоќните лидери во светот.

„Северна Кореја ќе го задржи својот конфронтациски пристап кон САД и ќе ги провоцира и тактизира, но во исто време ќе внимава да не ги пречекорува и целосно да ги уништи односите“, сметаат светските аналитичари.

Првите шест години откако ја наследи власта од неговиот татко Ким Џонг Ил, кој почина на 17 декември 2011 година, Ким не ја напушти својата изолирана земја ниту пак се сретна со некој од странските лидер.

На почетокот, некои го гледаа како марионета на севернокорејските генерали и комунистички бирократи , но тој сурово го наметна својот авторитет, наредувајќи егзекуција на неговиот тетин, високиот партиски функционер Јанг Сонг Таек.

 

Фото: EPA-EFE/KCNA

Како продлжување на демонстрацијата на неговата суровост, Ким се сомничи и дека наредил убиство на неговиот постар полубрат Ким Џонг Нам со отров на аеродромот во Куала Лумпур.

Во исто време, тој го надгледуваше брзиот развој на оружјето. Изврши четири од шесте нуклеарни тестови на Северна Кореја, а во 2017 година лансираше балистички ракети што може да погодат цели на територијата на САД, пркосејќи им на сè построгите санкции воведени од Советот за безбедност на ОН.

Со месеци разменуваше остри зборови со тогашниот американски претседател Доналд Трамп, поттикнувајќи ги стравувањата од вооружен конфликт на Корејскиот полуостров.

Потоа го прогласи севернокорејскиот нуклеарен арсенал за „комплетен“ и тропна на вратата на надворешниот свет.

Вистинскиот момент

Со помош на „мирољубивиот“ јужнокорејски претседател Мун Џе-ин, во 2018 година Ким стана првиот севернокорејски лидер кој се сретна со актуелниот претседател на САД на самитот во Сингапур, со што ги освои светските медиуми кои известуваа од оваа, дотогаш, „невозможна средба“ .
Многумина доброи познавачи на приликите тврдат дека главната причина за реализација на овој невообичаен состанок бил токму нуклеарниот арсенал на Северна Кореја.

Ким Џонг Ун и Мун Џае Ин/ Фото EPA-EFE/KOREA SUMMIT PRESS POOL

„Програмата за развој на оружје на Северна Кореја, кредибилитетот на нуклеарните и ракетните закани и вистинската комбинација на лидери – Трамп, Мун и Ким – придонесоа за условите“, гласеа дел од тогашните медиумски извештаи.

Со само една средба, полничкиот млад комунистички лидер успеа да го шармира 40 години постариот американски бизнисмен и водител на реално шоу, кој на состанокот беше во улогата на претседател на САД
Трамп се пофали дека воспоставил „посебна врска“ со Ким, па дури одеше дотаму во изјавите дека за време на средбата почувствувал пријателство и „љубов“ кон него, кого во минатото го исмејуваше и го нарекуваше „човек ракета“.

Фото: Jung Yeon-je / AFP / Profimedia

Истата година, Ким одржа неколку состаноци и со кинескиот претседател Си Џинпинг, кој се смета дека е неговиот главен и можеби едиснтвен светски политички заштитник.

„Суровиот, смешен диктатор се трансформираше во мирољубив и реформски настроен, одговорен господар на нуклеарната бомба, кој би можел да се убеди конечно да спроведе денуклеаризација на корејскиот полуостров.

Сепак, пријателската атмосфера беше краткотрајна: вториот самит Трамп-Ким во Ханој пропадна поради условот кој го поставија САД: Oлеснување на санкциите кон Северна Кореја, но за возврат Пјонгјанг да се откаже од нуклераното оружје кое го поседува. .

Трамп брзо полета од виетнамската престолнина, а Ким се врати дома со воз со празни раце.

Фото: Профимедија

Заеднички противник

Севернокорејскиот династички режим и владејачката Работничка партија ја преземаат власта повикувајќи се на национализам. Тие тврдат дека се заслужни за ставање крај на јапонскиот колонијализам по Втората светска војна и „победа“ во Корејската војна, која траеше од 1950 до 1953 година, и се гордеат дека му се спротивставуваат на САД повеќе од 70 години

Парада во Северна Кореја / Фото: EPA-EFE/KCNA

Официјални лица и аналитичари веруваат дека Ким никогаш немал намера целосно да се откаже од нуклеарниот арсенал, кој Северна Кореја го развива со децении по висока цена во ресурси и поради која земјата е ставена во целоснаизолација.

„Ким не може да ги храни луѓето, но може да го задржи својот режим на власт со оружје“ што е многу поважно за него , велат аналитичарите

И бидејќи САД очекуваат тензии со Кина на долг рок, Ким ќе има можност да го следи примерот на неговиот дедо Ким Ил Сунг.

Основачот на Северна Кореја вешто ги искористи тензиите меѓу Москва и Пекинг за да сврти една комунистичка држава против другата во своја полза.

Односите меѓу Пјонгјанг и Пекинг, беА воспоставени за време на Корејската војна кога нивните сили заедно се бореа против Јужна Кореја и коалицијата на ОН предводена од САД.
Иако сојузници ниту Кина ја сакаше Северна Кореја ниту пак севернокорејците ги сакаа Кинезите, но ги врзуваше сојузништвото во однос на стратегијата, идеологијата, историјата и прогласувањето на САД, за заеднички непријател.

Ракети / Фото: EPA-EFE/KCNA

Значаен успех

Ким треба само да погледне преку границата , во Кина, за да види како растот на просперитетот со текот на годините може да ја зголеми популарноста на една еднопартиска држава.

Но, за разлика од Кина, Северна Кореја со децении трупаше бомби и проектили, лошо ја водеше својата економија со децении, дури и пред да се соочи со санкциите, доведувајќи ги своите граѓани до ниво да страдаат од хроничен недостиг на храна.

Поради лошиот здравствен систем, Северна Кореја беше принудена да ги затвори своите граници минатата година откако коронавирусот се појави во Кина.

Самонаметнатата блокада останува на сила, и иако Понгјанг инсистира дека болеста сè уште не се појавила на нејзина територија, Ким призна дека има проблеми со пандемијата и ги предупреди луѓето да се подготват за „најлошата ситуација“.

„Економски, Северна Кореја е на самото дно во меѓународниот поредок“,но, со својот нуклеарен арсенал, комуниситчка кореја може да има влијание врз јазот меѓу двете светски сили, САД и Кина“, сметаат аналитичарите

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот