Брајтон го изненади фаворитот/ фото: EPA-EFE/Andy Rain

Кикс на Арсенал во трката за пласман во ЛШ, Челси му даде шест гола на Саутемптон

Фудбалерите на Арсенал доживеаја пораз на домашен терен од 1:2 против Брајтон во рамки на 32. коло од Премиер лигата и си ја закомпликуваа ситуацијата во трката за четвртото место на табелата.

„Топчиите“ остануваат на делба на четвртото место на табелата со 54 бода колку што има и Тотенхем, но сега и двете екипи имаат број на натпревари (30).

Брајтон изненадувањето го најави во 28. минута кога Тросард го отвори резултатот. „Топчиите“ во последните моменти од првиот дел имаа шанса да израмнат, но голот на Мартинели беше поништен поради офсајд. Брајтон преку Мвепу во 66. минута зголеми на 0:2 и Арсенал единствено што успеа да направи до крајот е да постигне почесен гол преку Одегард во 89. минута.

Челси брзо го заборави поразот од Реал Мадрид во четвртфиналето од Лигата на шампионите и на гостувањето кај Саутемптон ја оствари најубедливата гостинска победа сезонава, триумфирајќи со 0:6.

„Сините“ дилемите околу победникот ги разрешија уште во првото полувреме кое го добија со 0:4 благодарение на головите на Алонсо (8), Маунт (16), Вернер (21) и на Хаверц (31). Во вториот дел, по еднаш погодија Вернер (49) и Маунт (54) за убедлив триумф и зацврстување на третото место на табелата со 62 бода. Саутемптон остана на 13 место со 36 бода.

Значајна победа во борбата за опстанок оствари Лидс кој славеше со 0:3 на гостувањето кај Вотфорд. Рафиња во 21 минута го отвори резултатот, Родриго во 73 минута погоди за 0:2, а конечниот резултат го постави Херисон во финишот од средбата.

Лидс со новите три бода дојде до вкупно 33 за 16. позиција на табелата и има девет бода повеќе од Барнли кој се наоѓа во зоната на испаѓање.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот