Киев до април ќе добие шест милијарди евра од ЕУ

Фото: EPA-EFE/OLIVIER HOSLET

Украина месецов ќе ја добие првата транша од програмата за поддршка на земјата во износ од 4,5 милијарди евра, а втората транша вредна 1,5 милијарди евра ќе биде одобрена во април, изјави во Киев, извршниот потпретседател на Европската комисија, Валдис Домбровскис.

„Веќе го финализираме механизмот за поддршка на Украина, кој се нарекува Механизам за Украина… Првата транша од оваа помош во износ од 4,5 милијарди евра ќе биде добиена во март, а набрзо потоа, во април, ќе бидат добиени 1,5 милијарди евра“, рече Домбровскис.

Европскиот парламент на крајот од минатиот месец ја поддржа одлуката за стартување на Механизмот за Украина – инструмент кој предвидува можност Украина да добие финансиска и техничка помош од ЕУ за вкупно 50 милијарди евра во периодот 2024-2027 година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот