КФОР го зајакна присуството на Јариње, насобраните Срби си заминаа

Граничниот премин Јариње / фото:ЕПА

КФОР соопшти дека го зголемил присуството на административниот премин Јариње од превентивни безбедносни причини.

Од оваа мисија, во одговор на приштинска Коха, нагласуваат дека дека засиленото присуство на војниците на КФОР е извршено поради можното присуство, како што се наведува, на „криминални групи меѓу демонстрантите“.

– Потребно е секогаш сите учесници на протестот да избегнуваат насилство и мирно да го изразат своето мислење, избегнувајќи секакви непропорционални дејствија, агресивен однос и однесување што би можеле да бидат погрешно сфатени или сфатени како провокација или непотребно насилство – изјави КФОР.

Во близина на административниот премин Јариње денеска се собраа група граѓани од централна Србија, Црна Гора и Република Српска, кои соопштија дека дошле да му дадат поддршка на српскиот народ на Косово.

Во еден момент дошло до туркање и пресметка со полицајците, а учесниците на митингот успеале да се доближат до административниот премин, но повторно биле спречени од полицискиот кордон.

Учесниците на собирот се разотидоа нешто по 15:00 часот.

Припадниците на КФОР поставија бодликава жица зад административната линија, на страната на Косово , додека полициски кордон беше формиран од страната на централна Србија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот