
Кејт Мидлтон ја донирала својата коса: Принцезата во тајност им помогнала на деца болни од рак
Кејт Мидлтон (42) ја донирала својата коса на добротворна организација која создава перики за млади лица кои ја губат косата поради лекување од рак или други здравствени состојби.
Препорачано
Имено, принцезата од Велс донирала дел од нејзината коса на организацијата „Малите принцези“ во Велика Британија во 2017 година. Пред неколку години, „Сандеј експрес“ објави дека Кејт отсекла 18 сантиметри од нејзината коса и му предложила на нејзиниот стилист добро да ги искористи прамените.
„Убаво е да се помисли дека некој, некаде, веројатно повеќе од една личност, добил перика со косата на принцезата Кејт“, изјави тогаш Хелен Крис, портпаролка на добротворната организација за „Пипл“.
„Тоа е навистина убава мисла и е фантастично за подигање на свеста, плус таа има убава коса, сите ние копнееме за таа коса!“, додала таа.
Инаку, Кејт не е првата славна личност која ја подарила својата коса на здружението. Пејачот Хари Стајлс уште во 2016 година ја потстрижа косата и ја донираше во добротворни цели. Фотографија од неговиот прамен коса стана вирална на социјалните мрежи.
За потсетување, принцезата на 22 март објави дека е на „превентивна хемотерапија“ по тестовите кои „покажаа дека има рак“. Таа ги направила потребните тестови по планираната операција на абдоменот. Ден по објавата, Кејт добила порака со поддршка од Мила Снедон, осумгодишно девојче кое се спријателило со неа за време на лекувањето со леукемија пред неколку години.
Кејт Мидлтон и принцот Вилијам се трогнати од љубезните пораки од јавноста по дијагнозата