Ќе се отстрани дивоградбата на кафулето во Лептокарија

Секторот за инспекторат на утврдил станува збор за градба, а не за урбана опрема, и за неа нема одобрение од Општина Карпош.

Застаклената тераса, која деновиве беше подигната на просторот пред кафулето „Џовани“ во Лептокарија ќе биде отстранета, затоа што била дивоградба. Ова е решението на Секторот за инспекторат на Општина Карпош, откако деновиве граѓаните кои живеат во близина – посочија дека пред кафулето се заградува просторот.

– Мислам дека и огромен кратер среде Лептокарија да направат Стефан Богоев и Општина Карпош нема да реагираат. Додека ние карантин, другите си тераат по свое, кој каде тера се прошири. Тревните површини низ Лептокарија си ги направија „дворови“, како да им се во наследство дадени. Нас кој не прашува – реагираше жителка на населбата, објавувајќи и фотографии во фејсбук групата „Заедно за заштита на зеленилото во Карпош“.

Но, и покрај обвинувањата на дел од граѓаните, Богоев и Карпош експресно реагираа. Оттаму објаснуваат дека не станува збор за проширување на терасата во тревна површина, туку сите активности се одвивале на постоечката основа за летна тераса на кафулето „Џовани“.

-Застаклен бил просторот што и порано го користеше „Џовани“, но затоа што станува збор за градба, а не за урбана опрема, и за истата нема одобрение од Општина Карпош, денеска, Секторот за инспекторат донесе решение за отстранување на застаклениот дел – велат од Карпош.

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот