Казахстан доби нов премиер

Претседателот на Казахстан, Касим-Жомарт Токаев денеска потпиша указ за именување на шефот на кабинетот Олжас Бектенов за премиер на земјата, соопшти прес-службата на претседателот.

„Со указ на шефот на државата, Олжас Абаевич Бектенов е именуван за премиер на Република Казахстан и тој е разрешен од сегашната функција“, се наведува во указот.

Алихан Смаилов, кој ја предводеше владата на Казахстан од јануари 2022 година, вчера поднесе оставка, без да наведе причина.

Претходно денеска кандидатурата на Бектенов за премиерската функција ја предложи владејачката партија Аманат, а Мажилис (Долниот дом на Парламентот) се согласи со ова назначување.

Бектенов ја предводеше администрацијата на претседателот на Казахстан од април 2023 година. Со текот на годините, тој работеше како шеф на одделот за антикорупција, како и во Министерството за правда и финансиската полиција на Казахстан.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот