Кавадарчанец натепал дете-сограѓанче во хотел во Калитеа, таткото пријавил во нашата полиција кога се вратиле дома

Калитеа, Грција / Фото: Pierre Renaud / Google Maps

42-годишен жител на Кавадарци вчеравечер пријавил во полиција дека истиот ден, рано утрото, во хотелски комплекс во Калитеа, на Халкидики во Грција, неговиот малолетен син бил нападнат од негов сограѓанин, соопшти МВР.

„На 29.06.2023 во 20.30 часот во Полициската станица Кавадарци С.К.(42) од Кавадарци пријавил дека околу 03.30 часот во двор на хотелски комплекс во Калитеа во Р.Грција неговиот малолетен син бил физички нападнат од С.П.(54) од Кавадарци“, велат од полицијата.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот