Катица Јанева е библиотекарка во затворот „Идризово“

Фото: Слободен печат/Драган Митрески

Поранешната специјална обвинителка Катица Јанева во затворот „Идризово“ работи како библиотекарка.

Како што пишува „Макфакс“, таа и оваа година користела продолжен празничен викенд. Директорот на затворот, Зоран Јовановски, информираше дека Јанева уредно се вратила во затворот и ги извршува редовните затворски обврски.

Не знам точно кога излезе, но постапи според она што ѝ беше дозволено и се врати во затворот. Од утрово веќе ги извршува тековните затворски обврски. Работи во библиотеката, библиотекарка е. Користи викенди и излези секогаш кога тоа го дозволува правилникот, работиме строго по него. Го добива она што ѝ следува во согласност со издржаниот дел од казната, изјави Јовановски.

Јанева е осудена на седум години затвор во случајот „Рекет“ за злоупотреба на службената положба и овластување. Таа беше уапсена на 21 август 2019 година. Јовановски вели дека казната ѝ истекува на 21 август 2026 година, но не е исклучена можноста да биде помилувана порано.

Јанкулоска во затворот џогира и чита книги, синот го гледа само три часа месечно, открива нејзиниот сопруг

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот