Катар: Индиректните преговори меѓу Израел и Хамас за прекин на огнот во Газа сè уште траат

Разурната зграда по израелски воздушен напад врз Рафах во Газа - Фотографија ЕПА, Хаитам Имад

Властите на Катар денеска соопштија дека индиректните преговори меѓу палестинското екстремистичко движење Хамас и Израел се уште траат на ниво на технички тимови.

Ги продолжуваме нашите посреднички напори со нашите партнери, изјави портпаролот на Министерството за надворешни работи на Катар, Мајед Ал-Ансари на прес-конференција во Доха.

Тој додаде дека на терен има потешкотии во однос на преговорите за прекин на огнот во Појасот Газа.

„Нема утврдена временска рамка за индиректни преговори“, посочи Ал Ансари.

Израелската влада претходно денеска го повлече својот преговарачки тим од индиректните разговори со Хамас во Доха, обвинувајќи ја палестинската група дека не е заинтересирана за продолжување на разговорите, откако наводно го отфрлила компромисот со посредство на САД, пренесува Анадолија.

Хамас вчера соопшти дека сè уште се држи до првичниот предлог изнесен пред две недели за прекин на огнот. Палестинската група рече дека одговорот на Израел на предлогот за прекин на огнот не ги исполнува палестинските барања.

Хамас бара прекин на израелската смртоносна офанзива на Појасот Газа и повлекување на израелските сили од територијата за каков било договор за размена на заложници и заробеници.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот