Касами на семејството на првороденото женско бебе во Тетово му подари ваучер од 40 илјади денари

Фото: Фејсбук/ Билал Касами

Во новата 2023 година во 09:15 часот се роди првото бебе во гинеколошкиот оддел при Клиничката болница во Тетово. Женското бебе е прво дете во семејството Исмаили, а е родено со тежина од 3,5 килограми.

„Првото родено бебе е женско, породено со операција царски рез. Тоа е прво дете во семејството Исмаили. Родено е со 3,5 килограми. И мајката и бебето се чувствуваат добро, им посакувам живот полн со здравје, среќа и успеси„, изјави д-р Мерал Реџепи.

Во посета на првороденото бебе и мајката беше градоначалникот Биљал Касами кој им врачи ваучер од 40 илјади денари.

„Во тетовската болница заедно со сопругата го посетивме првороденото бебе во Новата година кое е девојче (Ајза). Ни беше чест и задоволство да честитаме за новороденото бебе, кое е женско. Се надеваме ќе имаме плодна и бериќетна година за сите во Тетово, да се надеваме дека 2023 ќе биде попросперитетна година во интерес на сите тетовчани. Уште една добра вест е донацијата на инкубатори од семејството Фазлиа во соработка со „Мармофикс” и општина Тетово за Клиничката болница“, изјави Биљал Касами.

Градоначалникот ги посети и пожарникарите и полицајците кои беа дежурни во текот на новогодишната ноќ

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот