Карневалот Сусурига за почеток на програмата „Крива Паланка – Град на културата“

Со „Сусурига 2024“ отворена „Крива Паланка -Град на културата“/Фото: МИА

Не постои подобар начин да се отвори програмата на „Крива Паланка – Град на културата“ од спектакуларниот перформанс што го приредија маскираните учесници на првата манифестација „Сусурига 2024“, пандан на популарната традиција од нашиот крај, рече градоначалникот на Општина Крива Паланка, Сашко Митовски, по одржаната прва манифестација на групни маски и обредни обичаи во пресрет на големиот христијански празник, Прочки.

Со групното дефиле маски и учесници од земјава и соседството, Крива Паланка за момент заживеа во духот на обичаите што нашиот народ ги практикувал во минатото во пресрет на христијанскиот празник Прочка, со маскирање и ритуално прескокнување на огнот – бележење на лицата и радост во стилот на проштевањето што го носи овој наш празник.

Низ главната улица „Св.Јоаким Осоговски“ до централниот градски плоштад во групни маски продефилираа: “Бамбурци”, Ратево, Берово, “Џоломари”, Манастирец, Росоман, “Џаламари”, Сопот, Кавадарци, “Осоговски Биждеци”, КУЗ Карпош, Крива Паланка и “Трновски ветришта”, КУД „8-ми Октомври“, НУ Центар за култура.

-Спектакл од звуци и бои за бројната публика на градскиот плоштад приреди група “Паљачи” од Варна, Република Бугарија. Го запалив и традиционалниот ритуален оган на плоштадот, со изведба на сѐ што е дел од овој возбновен обичај, а забавата под маски дополнително го промовираше хуманитарниот аспект и мисијата за поддршка на купување концертен клавир за градот на културата. Радува фактот што веќе на овој прв настан од програмата “Град на културата 2023” провлековме големо внимание и интерес за учество не само од земјата туку и од соседството, така што, пред нас е сезона на организација и високи критериуми за работа, рече градоначалникот Митовски.

„Сусурига 2024“ го отвори програмскиот репертоар на „Крива Паланка – Град на културата“, а општината заедно со институциите од областа на културата продолжува со атрактивни содржини за сечиј вкус и култура за сите.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот