фото: EPA-EFE/SEBASTIEN NOGIER

Карлос Алкараз во четвртфиналето на Мастерсот во Рим

Карлос Алкараз се пласираше во четвртфиналето на Мастерсот во Рим, Италија, откако го победи Карен Хачанов со 2:1 (6:3, 3:6, 7:5).

Тоа беше нивниот петтиот дуел, а Алкараз успеа да го одржи максималниот учинок – 5:0!

Хачанов го започна мечот подобро, откако направи брејк на самиот почеток, но во шестиот и осмиот гем Алкараз успеа да го одземе сервисот на противникот и поведе во сетови.

Со истиот резултат (6:3), Хачанов славеше во вториот сет, а потоа следеше многу интересен трет период. Шпанецот успеа да направи брејк во четвртиот гем, за Хачанов да возврати на ист начин во седмиот. Хачанов не успеа да дојде до тај-брејк, откако Алкараз беше подобар на неговиот сервис во 12 гем и така дојде до победата.

Шпанецот ќе игра во четвртфиналето против Британецот Џек Дрејпер, кој во осминафиналето го совлада Французинот Корентин Муте со 1:6, 6:4, 6:3.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот