Фото: Профимедиа

Кардиолозите: Три видови овошје кои се најдобри за срцето, јадете ги секој ден

Овошјето има различни хранливи вредности и здравствени придобивки, а кардиолозите советуваат еден вид да биде вклучен во секојдневното мени.

Сите веќе добро знаеме дека овошјето и зеленчукот треба да се консумираат секој ден, богати се со витамини, антиоксиданти и се многу поволни за целокупната хидратација на организмот.

Ако ги прашате кардиолозите кои видови овошје е најдобро да ги јадете секој ден, одговорот е – бобинки, јаболка и банани.

– Сепак, секое овошје може да ви помогне да го намалите високиот крвен притисок, атеросклерозата, како и за зацврстување на самите артерии – рекол за „Парада“ кардиологот Дипак Вивек.

Овошјето има различни хранливи вредности и здравствени придобивки, а д-р Вивек и другите кардиолози ги откриваат своите омилени оброци за зајакнување на здравјето на срцето. Вивек рекол дека сака јаболка, бидејќи тие се добар извор на антиоксиданти, влакна, витамин Ц и калиум – а исто така имаат низок гликемиски индекс, така што помагаат во намалувањето на ризикот од дијабетес тип 2.

– Мислам дека ми даваат посебна енергија, но и ги спречуваат грчевите во мускулите – објаснил д-р Вивек, пренесува „Њујорк пост“.

– Се покажа дека влакната го намалуваат крвниот притисок и нивото на холестерол, два главни показатели за ризикот од срцеви заболувања – рекол д-р Сатјит Бусри.

Омилени грицки му се несолените јаткасти плодови, сувотото овошје и бобинките.

– Овошјето како што се боровинки, малини, имаат највисоко ниво на антиоксиданти, кои се одлични за заштита на вашето срце – рекол тој.

 

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот