Одење/Фото: Andrea Piacquadio / Pexels

Кардиолозите открија колку точно минути треба да пешачиме дневно за здраво срце

Кога ќе одлучиме да направиме промена во животниот стил, честопати си поставуваме големи цели – секојдневно одење во теретана, целосно избегнување на шеќер, медитација наутро итн. Меѓутоа, за здравјето на срцето, понекогаш токму малите навики се најважни. Еден од наједноставните начини за негување на кардиоваскуларното здравје е секојдневното пешачење, велат кардиолозите.

„Физичката активност – па и само пешачењето – е едно од најдобрите нешта што можете да ги направите за здравјето на срцето“, вели кардиологот д-р Мајкл Фату за „Парада“ (Parade).

Тој додава дека движењето помага во намалување на крвниот притисок, регулирање на тежината, подобрување на чувствителноста на инсулин и намалување на воспалението.

„Луѓето кои остануваат активни живеат подолго и имаат помал ризик од срцеви удари“, нагласува тој.

Според препораките на Американската асоцијација за срце, идеално би било да се постигнат најмалку 150 минути умерена активност неделно, што вклучува и одење. Ако го поделиме тоа секој ден, тоа се само 21 минута на ден.

„Навистина не звучи толку страшно кога ќе го погледнете од таа перспектива“, вели кардиологот д-р Мајкл Бери.

Тој препорачува почетниците да започнат со две прошетки од по 10 минути дневно и постепено да го зголемуваат времетраењето.

Д-р Фату често им препишува одење на своите пациенти – особено на оние кои не се физички активни. Тој препорачува да се започне со 20 до 30 минути четири пати неделно, со дополнителни чекори како што е искачување по скали наместо лифт.

„Одењето е лесен прв чекор кон поактивен начин на живот“, вели тој.

Двајцата експерти истакнуваат дека дури и малите промени можат да доведат до подобро расположение, повеќе енергија, подобар сон и долгорочно намалување на крвниот притисок, шеќерот во крвта и холестеролот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот