Караџовски: Круцијална е следната недела

Претседателот на Комисијата д-р Жарко Караџовски / Скопје, октомври 2020 / Фото: Драган Митрески / Слободен печат

Круцијална е следната недела во делот на заболени, хоспитализирани, умрени и болнички кревети, изјави вечерва претседателот на Комисијата за заразни болести Жарко Караџовски во емисијата „Само интервју” на телевизија Канал 5.

– Сеуште не сме го достигнале максимумот. Секој респираторен вирус ја има својата активност шест до осум недели. Во моментот сме крај на шестата недела. Круцијална е седмата недела во делот на заболени, хоспитализирани, умрени и болнички кревети, рече Караџовски.

Засега, како што истакна, проценките на Комисијата за заразни болести се дека нема потреба од воведување на дополнителни рестриктивни мерки бидејќи со нив ништо не би се постигнало. Пример се соседните држави што воведоа карантин, но бројот на заболени не се намали.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот