
Кандидатот на „Вреди“ за Гостивар, Даути, има план за мултимилионскиот долг на општината
Кандидатот за градоначалник на општина Гостивар од коалицијата „Вреди“, Себаедин Даути, на денешната прес-конференција се осврна на проблемите со долгот и раководење со локалната самоуправа.
Препорачано
Даути рече дека Гостивар е најзадолжената општина во Македонија, со активен долг од 20 милиони евра. Тој го критикуваше и раководењето на јавните претпријатија и нагласи дека во градот нема ниту чистота, ниту одржувана инфраструктура, ниту видливи инвестиции.
„Ова е последица на осум години лошо управување, недостаток на транспарентност и злоупотреба на јавните средства. Затоа, време е за решенија. Нашето решение е за Гостивар без долгови и со современо управување“, рече Даути.
Како мерки кои ќе придонесат за зголемена ефикасност и увид во трошењето на парите, Даути кажа дека тоа ќе се прави со ревизорски преглед на секој договор, трошок и одлука на општината, пата граѓаните ќе знаат каде оди секое нивно евро. Даути предвидува финансиски план за отплата на долговите на контролиран начин во рок од четири години, без запирање на основните инвестиции.
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
2час
-
2час
-
2час
-
2час
-
2час
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5