Камион усмрти пешак во Битола

Полиција/ Фото: Архива на Слободен печат

Вчера во 11.12 часот во СВР Битола било пријавено дека на ул.„Македонски гемиџии” кај железнички премин за населба Боримечка во Битола, товарно моторно возило „волво” со демирхисарски регистарски ознаки, управувано од И.П.(43) од Демир Хисар, удрило во пешакот Љ.Т.(55) од Битола.

Во несреќата на местото на настанот починал пешакот, а смрт била констатирана од лекар од Итната медицинска помош. Извршен бил увид од Јавен обвинител и увидна екипа од СВР Битола.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот