Камион прегази пешак во Гостивар, починал на самото место

Фото: МИА / илустрација

Велосипедист, чиј идентитет не е познат, денеска починал откако бил прегазен од камион на крстосница во Гостивар, соопшти полицијата.

„Околу 15:30 часот денеска било пријавено дека се случила сообраќајна незгода на крстосницата на улиците „Гоце Делчев” и „Беличица” во Гостивар. Според пријавата, товарно моторно возило „Ман” со мешалка за бетон, управувано од М.К.(56) од гостиварското село Беловиште, удрило во повозрасно машко лице со велосипед, чиј идентитет засега не е утврден. Во несреќата тој бил тешко повреден и починал“, велат од МВР.

На местото на несреќата се врши увид што го води јавен обвинител и во него учествува и екипа од Одделението за внатрешни работи Гостивар. По наредба на јавниот обвинител, врз телото на починатиот ќе се врши обдукција.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот