Каков потег на голманот на Аугсбург, судијата чудно го погледна! (ВИДЕО)

фото. твитер

Уште во 42 секунда Аугсбург со погодокот на Нидерлехнер дојде до три важни бода во најсилното германско првенство…

Денеска во рамките од Бундеслигата екипата на Аугсбург триумфираше минимално на гостувањето кај Мајнц со 0:1 за три важни бода во битката за опстанок.

Уште во првата минута, поточно после 42 секунди трите бода ги обезбеди Нидерлехнер после асистенцијата на Груезо.

Andreas Luthe (Augsburg GK) hugs referee Marco Fritz after Augsburg’s win against Mainz from r/soccer

Моментно во генералниот пласман во најсилното германско првенство, Аугсбург е на 13 место со 35 бодови, четири повеќе од Мајнц на 15 позиција.

Еден интересен момент се случи веднаш по завршувањето на натпреварот Мајнц-Аугсбург.

Главниот судија Марко Фриц ја бараше топката од голманот на Аугсбург, Андреас Луте, кој прво беше изненаден затоа што како и останатите не се слушна последниот судиски свиреж, но веднаш пред да ја земе топката арбитарот го направи тоа. Голманот почна да го слави триумфот, а прв го прегрна судијата кој остана во чудо.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот