Како реагираше Њујорк на вонредната состојба поради коронавирусот (ФОТО)

Фото: EPA-EFE/Peter Foley

Само неколку часа откако градоначалникот на Њујорк Бил де Бласио прогласи вонредна состојба во градот поради епидемија на коронавирусот, изледа дека жителите сериозно ја сфатија ситуацијата, пишува српски „Курир“.

Поголемиот дел јавните инстиуции се затворени – музеите и кината не работат, додека образовните установи преминуваат на онлајн предавања.

Работниот свет исто така го презема овој вид на комуникација и работа, пред се за да се избегне ширење на заразата, но и затоа што Њујорчани не сакаат да одат на работа бидејќи за тоа мораат да го користат јавниот превоз, кој се смета за најризично место за ширење на заразата.

Градоначалникот на Њујорк, имено, им препорачал на жителите да не се приближуваат едни со други, но и дека во град со толку жители тоа практично е невозможно.

Интересно е дека граѓаните носат маски и ракавици, и сите внимаваат што ќе допрат – во јавен превоз, во кафулиња, дома и во продавниците, пред се ги бришат предметите кои ќе ги допрат.

Паниката владее и во супермаркетите на чии влезови се чека барем половина час, додека на касите се чека и по 45 минути.

Луѓето главно купуваат основни артикли како што е водата, млекото, лебот, додека се купуваат и средства за хигиена, сапуни, ракавици – сите лимитирани на две парчиња по лице.

Фото: ЕPA-EFE/JUSTIN LANE

– Мислам дека луѓето толку купуваат поради страв, или јас бев наивна што дојдов да купам основни вообичаени рбаоти. Шокирана сум – рече една Њујорчанка стоејќи покрај празен рафт во еден од поголемите маркети во центарот на градот.

Има и луѓе кои не се задоволни со брзината на реакцијата на државата и паниката која се создаде меѓу луѓето, бидејќи не се во можност да се снабдуваат со основни секојдневни работи, во момент кога во продавниците нема доволно резерви.

Аптеките засега се добро снабдени, но може да се слушне дека многу сакаат да направат тест на коронавирус, но дека нема доволно тестови.

На улиците има значително помалку луѓе и автомобили, што е прилично чудно и за жителите на Њујорк и за туристите.

Тие кои планирале одмор и патување на пролет сега ги откажуваат аранжманите.

На прв поглед изгледа дека луѓето не се во паника, но се загрижени и многу внимателно ги следат вестите од светот, притоа највеќе ги загрижува тоа што се случува во Италија бидејќи стравуваат истото да не се случи во Америка.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот