Како постарите Индијци ја чекаат својата смрт во светиот град

Варанаси, светиот град во Индија / Фото NiceProspects / Alamy / Alamy / Profimedia

Индиецот Мурали Мохан Састри мирно ја чека својата смрт на бреговите на реката Ганг во северниот индиски град Варанаси, почитуван од милиони Хиндуси. Пред повеќе од една деценија, 82-годишниот поранешен универзитетски професор и неговата сопруга зад себе оставиле удобен живот во јужниот град Хајдерабад.

Сега тој се надева дека со умирање во Варанаси, ќе може да го прекине кругот на смртта и повторното раѓање, верување на многу Хиндуси, со цел да постигне спасение, пишува „Ројтерс“.

„Ја покануваме смртта. И тој е наш гостин, всушност. Затоа ние сме горди што ќе умреме овде“, рече Састри набргу откако ги испеал своите молитви.

Састри и сопругата кој живеат во еден од домовите низ светиот град наменет за оние кои сакаат да ги поминат своите последни години таму, биле инспирирани од примерот на неговата мајка, која живеела на истото место.

Иако пензионерските домови во западен стил стануваат сѐ попопуларни во Индија, Састри не се интересирал за световните удобности, претпочитајќи да ги помине последните денови нурнати во молитва.

„Нашата индиска филозофија е, оние кои бараат световна удобност никогаш не можат да одат кај Бога, никогаш не можат да стигнат до Бога. Колку што е можно, избегнувајте ги сите овие работи. Не одете по нив“, вели Састри.

Повеќе од еден милион луѓе живеат во античкиот град познат по своите храмови и места за капење покрај најсветата река на хиндуизмот до која побожните луѓе доаѓаат од целата земја за ритуали за одбележување настани од раѓање до смрт.

„Сега повеќе не ми е време да живеам на овој свет. Човек мора да се соочи со толку многу страдања што се заситува. Така, чувствувате дека ако постигнете спас, нема да мора повеќе да страдате“, вели Рам Пјари, друга жителка на домот.

Управникот на домот, Мумукшу Баван, кој датира од 1920-тите, вели дека работи со полн капацитет, со повеќе од 80 жители, иако побарувачката за места останува висока.

„Сѐ повеќе стари луѓе сакаат да дојдат и да останат во Варанаси“, рече функционерот Маниш Кумар Пандеј. „Но, можеме да сместиме само ограничен број“.

Сепак, побожните кои не можат да здивнат во светиот град можат да се утешат од хинду верувањето дека ќе дојде чекор поблиску до спасението ако нивните останки се кремираат таму.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот